Одржана трибина

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одржана трибина: „Социјалните медиуми и нивните ефекти врз младината“

Најмладите гимназијалци, учениците од прва и втора година, на 21.03.2016 година во просториите на нашето училиште имаа можност да разговараат за негативните влијанија од прекумерното користење на социјалните мрежи со медицинските лица Снежана Петрова и Ефтим Димитриевски од Центарот за јавно здравје – Велес.

naslovna

Во непосредна наставна атмосфера и искрен пристап, стручните лица од Центарот укажаа на опасностите за психофизичкото здравје на младите кои демнеаат во т.н.online свет. Новиот виртуелен свет на младиот човек кој го овозможува вмрежаноста и софтверите за друштвено врзување, покрај сите придобивки и можности, носи со себе и одредени негативни појави. Учениците беа запознати со нив и охрабрени, умерено и одговорно да се однесуваат со дигиталните алатки кои новата технологија ги овозможува.

Одговорен професор

Бошко Караџов

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den