ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА WORLD SCHOLAR’S CUP

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА WORLD SCHOLAR’S CUP

На 21 февруари 2019 година, во просториите на Гимназијата се одржа презентација за натпреварот по англиски јазик WORLD SCHOLAR’S CUP. Роберт Браун од Тексас – САД, член на Одборот за организација на овој натпревар, ги запозна присутните ученици и наставници со начинот и местото каде ќе се одржува истиот оваа учебна година.

{besps}stories/ucebna2018_2019/SCHOLARS/sliki{/besps}

 

На презентацијата беа присутни наставници по англиски јазик од повеќе училишта во градот кои покажаа интерес за повеќе информации во врска со пријавувањето и учеството со нивни ученици.

 

Натпреварот ќе се одржи на две локации во училишта во Македонија, и тоа: „Јахија Кемал“ – Скопје, на 22 и 23 април и „Јане Сандански“ – Струмица, на 24 и 25 април 2019

 

Темата за натпреварувачите оваа година е „A World on the Margins“, а пријавените тимови од по три ученика ќе се натпреваруваат во четири различни етапи:

 

– Team Debate – дебата – Scholar’s Challenge – квиз со прашања со повеќечлен избор – Collaborative Writing – креативно пишување во тимови на дадена тема – Scholar’s Bowl – ученички куп

 

Повеќе информација за регистрација на учениците, како и календарот на настани може да се најде на следниот линк:

 

На сите присутни наставници им се заблагодаруваме за одвоеното време и истовремено ги информираме да ги следат официјалните страници на нашето училиште на кои ќе бидат објавувани сите следни новости во врска со натпреварот WORLD SCHOLAR’S CUP.

 

 

 

Наставници по англиски јазик при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den