УЧЕСТВО НА ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2019“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

УЧЕСТВО НА ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА
„НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2019“

На Природно-математичкиот факултет во Скопје, во текот на три викенди се реализираше манифестацијата „Ноември – месец на науката“. Главна цел беше преку работилници, предавања на популарни теми од науката, експерименти и презентации, да се афирмираат природните науки.

За време на третиот и последен викенд, на 30 ноември 2019 година, учество земаа и нашите гимназијалци: Василка Југова, Марија Андреева и Никола Циунов, во област – математика, под менторство на професор Мариче Лазаровска и учениците: Деспина Миланова, Клара Арсова и Виктор Гаџов, во област – географија, под менторство на професор Славица Спасевска.

Нашите ученици имаа одлични презентации на своите експерименти пред комисијата составена од професори на Природно-математичкиот факултет и се здобија со сертификати за учество и огромно позитивно искуство.

Ученичката Василка Југова со својот експеримент во областа математика, беше наградена со диплома за освоено трето место. Им честитаме на учениците и нивните ментори, со желби за уште поголеми успеси!

За време на настанот се реализираа експерименти и предавања наменети за ученици од средните училишта како и презентации за наставници. Дел од предавањата беа: „Следење на кафеавата мечка во Преспанскиот Регион“, „Дмитриј Иванович Менделеев и периодниот систем на елементите“, „Геопаркови, современ начин на заштита на геонаследството“, „Највпечатливите соѕвездија на небото над нас“ и „Escape room активности во наставата по природни науки“.

За да се запознаат повеќе со науките, учесниците во групи ги посетија и лабораториите на Институтот за хемија и Институтот за географија (картографска лабораторија).

Настанот беше наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки: биологија, хемија, географија и математика.

Манифестацијата „Ноември – месец на науката“, беше во организација на Македонското географско друштво (МГД), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном¬ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“ (ИДСГ – Природник), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Одговорни професори:Мариче Лазаровска и Славица Спасевска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: