Државен натпревар – Наноматеријали

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Државен натпревар „Наноматеријали – материјали на иднината“

Модерната наука ги прогласи наноматеријалите за материјали кои ќе донесат големи промени и прогрес во модерната технологија на иднината. Такви промени и напредок таа им навестува и на нашите ученици , млади физичари, Катерина Темелкова и Љубчо Јованов.

{besps}stories/ucebna2014_2015/natprevari/nano_drzaven/sliki{/besps}

 

На Државниот натпревар „Наноматеријали – материјали на иднината“ кој се одржа на 8 мај 2015 година на Технолошкиот факултет во Скопје тие постигнаа мошне солиден резултат и го освоија третото место. Учениците се подготвуваа под менторство на професорката Надица Теова. Се надеваме дека овој успех ќе им биде голем поттик следната година да бидат уште поуспешни и да станат дел од наградените стипендисти. Оваа година додатен стимул за ангажирање е и паричната награда во вредност од 600 евра.

На победниците им ја честитаме државната награда и им посакуваме успеси и на идните натпреварувања.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den