Државен натпревар на млади истражувачи
На 21 април 2018 година во Струмица се одржа 54-от Државен натпревар на младите истражувачи од Р. Македонија . Нашето училиште учествуваше со двајца натпреварувачи од областа Биологија и Математика. Елена Стумбова е ученичката која се натпреваруваше од областа на Биохемијата, а Елеонора Ташкова од областа Применета математика.
{besps}stories/ucebna2017_2018/mlad_istr/sliki{/besps}
Учесницитеја покажаа својата иновативност и знаење од овие области и се пласираа на места кои им овозможија учество на меѓународниот натпревар кој ќе се одржи во ноември во Р. Македонија. Им благодариме на учениците за нивното учество и заинтересираност за науката , а се надеваме на уште поголеми успеси на идните наши истражувачи на меѓународните натпревари од ваков карактер .
Одговорни професори: Елизабета Николовска, Марија Гајдова