ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ СТАРТУВАА СО ПОБЕДА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ СТАРТУВАА СО ПОБЕДА

На 17.10.2018г започна општинската лига во кошарка – машки за ученици од средните училишта, што ја организира Сојузот на училишен спорт, а под покровителство на Општина Велес и Федерацијата на училишен спорт на Р.Македонија.

1

 

Во рамките на првото коло, кошаркарите на Гимназијата во состав: Д.Бојчев, Б.Ѓорѓиов, А.Кирков, Ф.Камчев, Б.Даев, Г.Караџолов, М.Стојанов, Т.Димов, А.Ковиловски, А.Ристовски, В.Барков, Т.Левков, З.Недев, М.Ќормишев и К.Камишев за противник ја имаа екипата на ССОУ „Димитрија Чуповски“ и забележаа победа со резултат 47:34. По израмнетите први две четвртини, квалитетот на нашите играчи дојде до израз во третата и четврта четвртина која ја добија во своја корист, а особено се истакна нашиот капитен Донче Бојчев кој постигна најмногу поени за нашиот тим. Мора да се напомене фер и коректниот однос помеѓу играчите од двете екипи, како и тоа што Гимназијата по подолго време настапи во комплетен состав.

 

Во периодот што следи нашата екипа ќе одигра натпревари и против останатите средни училишта, а првопласираната екипа ги продолжува натпреварите на зонско, односно регионално ниво. Да им посакаме успех и добра игра.

 

Водач на екипа: Зоран Јованов

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den