Книгата вечен извор на мудрост
Денес (01.06.2016год.) во медиотеката на ЛБ „Гоце Делчев“ со почеток од 18:00 часот беа доделени дипломите по повод литературниот конкурс „Книгата вечен извор на мудрост“. Истиот беше распишан од страна на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес по повод патрониот празник на библиотеката . Конкурсот беше поделен во повеќе категории, односно ученици од основно и средно образование. Наградени беа и ученици од нашето училиште.
Ученичката Симона Борова од II-3 клас освои прва награда,ученикот Кире Ацевски од I-3 клас беше пофален.
Честитки за постигнатиот успех на нашите ученици!
Професор :Александра Стојановска