МЕЃУКЛАСНИ НАТПРЕВАРИ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

МЕЃУКЛАСНИ НАТПРЕВАРИ

Октомври е месец во кој традиционално се реализираат меѓукласните натпревари во повеќе спортови. Тие предизвикуваат голем интерес кај учениците и секој натпревар го очекуваат со нетрпение. Да се биде најдобар клас во генерацијата и во училиштето претставува гордост и секој од учениците се обидува да ја постигне оваа цел. Мотивираноста е на највисоко ниво, честопати ривалството го достигнува својот максимум, меѓутоа ферплејот, почитувањето на соиграчите и противниците, дружењето и социјализацијата се вредности кои ние како гимназијалци максимално ги промовираме.

{besps}stories/ucebna2015_2016/meguklasni_natprevari_sport/sliki{/besps}

 

Во текот на изминативе две недели се одиграа голем број на натпревари во кошарка – машки, па така победници во генерацијата од втора година е II – 3 клас, и од трета година е III – 3 клас, додека натпреварите во прва и четврта година се во тек. Истотака започнаа и натпреварите во одбојка – женски, кои воопшто не заостануваат во квалитетот, мотивираноста и желбата за победа. Во продолжение еве само мал дел од атмосферата во која се одигруваат натпреварите.

АКТИВ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den