Блог – натпреварот „Кажи нешто“ е проект во организација на здружението на граѓани ОХО под покровителство на Фондацијата е – Македонија, чија цел е промоција и популаризација на блогот и информатичките технологии како медиум за изразување.
Право на учество на овој натпревар имаа сите средни училишта од нашата држава со ученик – поединец или блог на тим под менторство на наставник од училиштето.
Учениците од нашата Гимназија: Милка Манева, Марија Кариланова, Ѓорѓи Марков, Борис Манев, Филип Илиевски, Александар Малчев, Петар Сидеров, Мирко Славковски, Белмин Кицара, Петар Анѓелов, Сања Мирчева, Кристина Пеева и Бојан Владов, под менторство на професорите Дејан Тошевски и Гордана Саздова учествуваа на натпреварот за блогерирање ,,KAЖИ НЕШТО‘‘ и успешно го претставија нашето училиште. Натпреварот се одржа во Скопје во Младинскиот културен центар.
Во конкуренција од 142 ученика, учениците Милка Манева и Марија Кариланова го oсвоија второто место.