Натпревар по македонски јазик и литература
Покрај многубројните натпревари на кои учествува нашето училиште, е и натпреварот по македонски јазик и литеаратура.
На 26.03 2016 год.во Кавадарци во Гимназијата „Добри Даскалов“се одржа регоналниот натпревар по македонски јазик и литература.
Нашето училиште учествуваше со свои учесници, ученици од III година во две категории: мајчин и немајчин јазик.
Во категоријата мајчин јазик се натпреваруваше ученичката Цветанка Мирова од III-1 клас под менторство на наставникот Магдалена Сарагинова. Ученикот со немајчин македонски јазик е Суат Таиров од III-7 клас, под менторство на наставникот Весна Павлова.
Според освоените поени, учениците не се здобија со право на учество на државниот натпревар.
Одговорни наставници:
Магдалена Сарагинова
Весна Павлова