Натпревари по информатика 2016
Здружението на информатичарите на Македонија, по дваесет и седми пат организираше циклус на натпревари по информатика, во областа на програмирањето. Програмирањето се изведува во еден од програмските јазици Pascal, C и C++. Циклусот на натпревари ќе се состоеше од:
- училишен натпревар,
- регионален натпревар,
- државен натпревар.
{besps}stories/ucebna2015_2016/informatika_2016/sliki{/besps}
Училишниот натпревар се одржа преку системот на натпревари mendo.mk на кој учествуваа ученици од втора и четврта година.
Регионалниот натпревар се одржа во четири региона и тоа Скопје, Охрид, Струмица и Крива Паланка.
На регионалниот натпревар учествуваа учениците Максимова Невенка од IV-6 клас под менторство на проф. Сениха Мандал и Георги Тумбов II-5 клас под менторство на проф. Гордана Саздова и постигнаа солидни резултати.
Најдобрите учесници на регионалниот натпревар добија можност за учество на државниот натпревар, на кој успеа да се пласира и нашата ученичката Невенка Максимова која се здоби со пофалница.
Државниот натпревар се одржа на 26 март 2016 година во просториите на ФИНКИ (Факулет за информатички науки и компјутерско инженерство ), а истиот беше отворен од страна на претседателот на здружението на информатичари проф. д-р Миле Јованов.
За време на натпреварот за менторите се оддржа работилница на тема „Нови наставни програми по информатика“ во која професорите по информатика можеа да ги споделат своите размислувања за проблемите и можностите за реализирање на наставните програми по информатика.
По завршувањето на натпреварот се одржа научно предавање „Програмирање на роботи“ кое побуди голем интерес кај учесниците и овозможи истите да се вратат со позитивни импресии и стекнато ново знаење.
Се надевам дека во наредните години се поголем број на наши ученици ќе учествува на натпревари од областа на информатиката која е се поприсутна во нашето секојдневие.
Одговорен професор:
Сениха Мандал