Општински првак во фудбал
СОУ „Гимназија Кочо Рацин” е општински првак во фудбал за средношколци. Нашите фудбалери извојуваа вредна победа со ССОУ „Јовче Тесличков” со постигнат резултат 2:0, а натпреварот меѓу нашето училиште и ССОУ „Коле Неделковски” заврши со резултат 2:1. Со тоа тие го обезбедија првото место во градот и се пласираа во понатамошните зонски натпревари.
{besps}stories/ucebna2014_2015/sport/fudbal_07_04_2015/sliki{/besps}
На 8 април ќе се одржи зонскиот натпревар со Гимназијата од Гевгелија на Градскиот стадион во Велес.
Многу успех во понатамошните натпревари!