Повторно меѓу најдобрите
На ден 24.03.2018 година (сабота) во просториите на ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, се одржи регионален натпревар по предметот Хемија. Учество земаа 80 ученика од основните и 29 од средните училишта на територијата на Општина Чашка, Велес, Градско, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Валандово и Дојран.
Учениците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес се натпреваруваа во прва и трета категорија под менторство на професор Марјан Стојановски и постигнаа одлични резултати.
– Михаил Донев – ученик во III1 клас, го освои првото место во III категорија
– Тамара Трајановска – ученичка во I5клас – пофалница
– Александра Митева – ученичка во III5клас – пофалница
– Нерков Иво – ученик во III5клас – пофалница
Искрени честитки за сите учесници во натпреварот, а на наградените понатамошни успеси!
Посебна благодарност до колегите од нашето училиште Пале Трпкова, Атанас Зафиров, Крсте Шупев и Билјана Кимова кои беа ангажирани како тестатори на натпреварот.
Одговорeн професор:Марјан Стојановски