Пријателски натпревар, познати интернационални ракометари и членови на управен одбор од ГРК „Борец“ – гости во ракометната паралелка
За поголем напредок на учениците од ракометната академија се одигра пријателски ракометен натпревар со екипата на „Бисинов-Вардар“.
Учениците од ракометната паралалка постигнаа победа со резултат 32:18. На натпреварот присуствуваше нашиот познат ракометар Ивица Илиев, поранешен играч на ракометниот клуб „Борец“, а сега во ракометниот клуб „Радовиш“.
{besps}stories/ucebna2014_2015/natprevari/rakomet_30_05_2015/sliki{/besps}
Илиев пред натпреварот на учениците им демонстрираше и објаснуваше дел од неговите усовршени вештини за постигнување на голови.
На натпреварот гостин беше и Тоше Тутарков, поранешен познат ракометар, а сега член на управниот одбор на ракометниот клуб „Борец“. Тој го следеше натпреварот и беше позитивно изненаден и заинетересиран за неколку ракометари од нашата ракометна академија зда се регистрираат во ракометниот клуб „Борец“.
Следни гости кои не почестија со нивното присуство беа Дарко Димитриевски, поранешен играч на ракометниот клуб „Борец“, еден од најталентираните и најперспективните млади играчи во Македнија кој има настапувано во клубови од Катар, Шпанија и неговиот поранешен соиграч во Шанија, Welsau Bounge од Португалија. Учениците имаа можност да слушнат како тие станале познати ракометари и кои се најбитните фактори за успехот во ракометот.
Одговорен професор:
Зоран Кочов