Ракометни пријателски натпревари

P2050281
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“- СОУ„Гимназија Кирил и Методиј“

На 5.2.2015 година во училишната сала на СОУ „Кирил и Методиј“ – Неготино гостуваше ракометната машка и женска екипа на нашата Гимназија. Натпреварите беа одлична можност за проверка на формата на екипите пред почетокот на општинските лиги во машка и женска конкуренција, каде што ќе настапува и нашето училиште.

P2050217

На првиот напревар одиграа машките екипи, солидно, мотивирано и дисциплинирано. Натпреварот беше неизвесен, но домашната екипа понесена од атмосферата која ја имаше од публиката победи со резултат 15:12.

Во вториот натпревар одиграа женските екипи. Домашната екипа беше составена од академијата на р.к. „Вардар“ – Неготино. Нашата екипа беше значително поквалитетна и одигра одличен напревар, со убедлива победа одпостигнат резултат 20:05.

P2050229

Ракометна Академија – Р.К. Бисинов- Вардар

Ракометната академија го одигра вториот пријателски натпревар со ракометниот клуб Бисинов Вардар и постигна убедлива победа од 27 :18.

Натреварот беше одлична можност на учениците да покажат што работеле на изминатите тренинзи и успех кој се покажува со нивниот постигнат краен резултат за Ракометната академија.

P2050230

Особено задоволство од перформансите кои учениците ги покажаа на теренот, искажаа и менторот Зоран Кочов, како и тренерот Златко Стојковски.

Како дополнителен мотив за учениците беше присуството и поддршката што ја добија од другите ученици на нашата Гимназија.

Голема благодарност до професорите на активот по Спорт и спортки активности за подршката на натпреварот и одличната тимска соработка која ја прикажаа на напреварот.

Одговорен професор:

Зоран Кочов

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den