РАЦИН – ГОРД НА СВОИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

РАЦИН – ГОРД НА СВОИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ

На 22 декември 2018 година, денот на раѓањето на Коста Солев Рацин, а воедно и нашиот Патронен празник, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, се одржа Државниот рецитаторски натпревар за средно образование. Нашето училиште зема учество со два ученика: Петар Андреев од IV-5 клас и Бојана Спасовска од I-5 клас, под менторство на Цветанка Карамаркова, професор по Македонски јазик и литература.

{besps}stories/ucebna2018_2019/recitat/sliki{/besps}

 

Натпреварот беше составен од два дела. Се рецитираа песните „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска и „Мимоза“ од Ана Димишковска – Трајановска. На натпреварот учествуваа вкупно 16 ученици од средни училишта ширум Република Македонија.

Ученикот Петар Андреев го освои првото место, со убедливо највпечатлив настап, одлична дикција и реализација на мисловно-емотивните аспекти на песните. Бојана Спасовска пак, со лиричноста во својот глас и соодветната експресивност се рангираше на деветтото место.

Токму овие прекрасни ученици ни приредија одлична честитка по повод Патрониот празник на нашето училиште, а и што би посакале повеќе?

За крај, нека среќата биде примарна во нивниот понатамошен живот, а успехот вечен сопатник бидејќи тоа и го заслужуваат!

Одговорeн професор, Цветанка Карамаркова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den