Разгледница од моето место

naslovna namalena
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Прва награда за ученикот Дино Јанаќиев на конкурсот за уметничка фотографија “Разгледница од моето место”, организиран по повод денот на училиштето ССОУ ,,Коле Неделковски” Велес

Согласно со планираните активности од Програмата за одбележување на 50 годишниот јубилеј на ССОУ ,,Коле Неделковски” од Велес и Денот на Патронот, во оваа учебна година, по ТРЕТТИ пат се организиаше конкурсот за уметничка фотографија. Оваа година, темата на конкурсот беше „Разгледница од моето место“.

Темата беше инспиративна, а на конкурсот учествувале повеќе од 250 фотографии. Од нив за изложбата се издвоени 60 фотогрфии, додека пак наградени се вкупно 9 ученици и нивните ментори во 3 различни категории:

  • Категорија помлади ученици
  • Категорија ученици до деветто одделение
  • Категорија на средношколци

Првата награда во категоријата на средношколци беше доделена на Дино Јанаќиев, ученик од I – 5 клас при СОУ Гимназија “Кочо Рацин”, под менторство на професорот по ликовна уметност Трајче Михајлов.

Фотографијата беше оценета како мошне оргинална фотографија на споменикот на ,,Гемиџиите” во Велес, во кој има контраст на боја и високо оценет момент на фотографирање.

Им честитаме на сите наградени ученици и им посакуваме понатамошни успеси.

Во продолжение ви ја доставуваме наградената фотографија.

dino janakiev namalena

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den