Рецитаторски натпревар
На распишаниот конкурс за рецитатори од страна на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на РМ, учество земаа и учениците од нашата Гимназија.
За првпат оваа година право на учество на државниот натпревар има само еден ученик од секое училиште во државата. За таа цел, на 16 февруари во просториите на нашата училишна библиотека се одржа првиот круг од рецитаторскиот натпревар на кој учениците рецитираа стихови од македонскиот поет Богомил Ѓузел. Учествува девет ученици од прва до трета година: Кире Ацевски, Марија Алиева, Ивона Андовска, Елена Стумбова, Петар Андреев, Пале Ѓорѓиева, Моника Давиткова, Стефан Николовски, Сандра Танчева под менторство на професорите: Александра Стојановска, Весна Павлова и Цветанка Карамаркова.
Жири комисијата во состав од Слободанка Чичевска, Фаик Мефаилоски и Талија Настова, актери во Народниот театар „Ј.Х.К.Џинот“ – Велес, одлучи учество на државниот натпревар да земе ученичката Сандра Танчева од III-6 клас.