СОУ “Гимназија Кочо Рацин” Велес, прво место на регионалните хорски и оркестарски натпревари

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СОУ “Гимназија Кочо Рацин” , прво место на регионалните хорски и оркестарски натпревари

И оваа учебна година , на 27.04.2018 год во просториите на ОУ Блаже Конески од Велес се одржаа регионалните хорски и оркестарски натпревари како дел од проектните активности по музичка уметност , каде нашето училиште СОУ “Гимназија Кочо Рацин” Велес учествуваше со вкупно 44 ученици од прва до четврта година во I натпреварувачка дисциплина , категорија на хорско пеење и освои прво место со вкупно 96 бодови . Како музичката натпреварувачка програма беа претставени две хорски композиции , задолжителна тригласна композиција Две Лири – хорска обработка на Сашо Ливрински и изборна двогласна композиција Копачите – текст на Коста Солев Рацин и адаптирана хорска обработка . Корепетитор на пијано во изборната композиција е Иван Милевски од IV-3 , а со целиот хорски состав раководеше Атанас Зафиров , професор по музичка уметност . Хорот на гимназија доби препорака од жири комисијата да продолжи на државните хорски натпревари во Кавадарци.

1

 

Членови на женскиот хор на СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес во учебната 2017/2018 година се : Дина Мирова ,Мила Пачукова , Магдалена Арсовска , Ребека Николова ,Јана Гулева ,Кејти Андоновска ,Тамара Мишеска ,Надица Камчева,Флора Реџепи, Марија Алексовска, Сара Стојилковиќ,Анастасија Андовска ,Кристина Депинова ,Александра Неделковска ,Сара Атанасовска ,Елена Атанасовска ,Елена , Христовска , Славица Ацева , Елена Ристовска ,Бојана Ангелова ,Сандра Темелковска ,Андријана Арсовска ,Бојана Мачавеловска ,Веронија Кодовска , Ангела Коцевска ,Александра Костовска , Барбара Поповска ,Наташа Давиткова,Марија Кимова ,Талија Ѓоргиева , Елена Димова ,Елена Кузева , Љубица Петровска ,Вероника Стојановска ,Ева Стојановска ,Катерина Николова ,Тања Димовска ,Елена Тодорова ,Ана Трајковска ,Лина Ковачева ,Ева Димитриева ,Пале Зврцинова ,Ана Зафирова ,Стефани Ушева ,Лора Ангеловска ,Андријана Стумбова , Иван Милевски(корепетитор).

 

Одговорeн професор: Атанас Зафиров

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den