ЗОНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПРВО МЕСТО ЗА НАШИТЕ ОДБОЈКАРКИ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ЗОНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ПРВО МЕСТО ЗА НАШИТЕ ОДБОЈКАРКИ

Во Велес, на 11 декември 2018 година, во спортската сала на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, се одигра вториот турнир од Зонската лига за средни училишта во одбојка за младинки, на кој настапија: СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.

1

 

Нашиот одбојкарски тим беше во состав: Ана Зафирова, Мартина Димовска, Лилјана Хаџи-Наумова, Вероника Анастасова, Даниела Николовска, Ива Донева, Ивона Србова, Марија Богоевска, Николина Грујова, Сара Николова, Теона Петрова, Викторија Ванчевска, а под менторство на професорите: Петре Петрушевски и Илија Попов.

 

Уште еднаш докажавме дека сме најдобри. Со вкупно четири победи на двата турнира, одбојкарскиот тим на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес е прв во зоната Велес – регион Исток.

 

Во наредниот период следат регионалните натпревари кои се и последниот филтер за да можеме да се пласираме на Државното првенство во одбојка за младинки, или поточно меѓу најдобрите шест тима во нашата земја.

 

 

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den