Научно-книжевната трибина посветена на прашањата за актуелноста и значењето на Рациновите поетски и прозни текстови за денешниот млад човек

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на 57. Детски Рацинови средби во медијатеката на Локалната библиотека
„Гоце Делчев“, учениците од Гимназијата учествуваа на научно-книжевната трибина
посветена на прашањата за актуелноста и значењето на Рациновите поетски и прозни
текстови за денешниот млад човек. Трибината и пропратната дискусија ја модерираа и
фаслитираа професорот по филозофија д-р Бошко Караџов и доц. д-р Бојан Петревски
од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Во текот на трибината,
учениците од Гимназијата особено се истакнаа во анализите на скудната застапеност
на делото на Рацин во наставните програми за средно образование, во посочувањето на
актуелноста на Рациновите текстови за феминизмот и женските човекови права, како и
во препознавањето на универзалноста и инспиративноста на неговите поетски и
социјални пораки во контекст на денешното време и сегашните предизвици на
младите.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den