Обука за формирање на новинарски клубови

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
По повикот и прифатената апликација за основање на медиумски клуб во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес, а со цел, успешно реализирање на активностите во рамки на новинарскиот клуб, на покана од организаторите Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ), се одржа дводневна обука (10 и 11 ноември 2023 г.) во Хотелот „Лимак“ – Скопје.
Обуката е поддржана преку проектот на УСАИД, за медиумска писменост, „Младите размислуваат“. На обуката присуствуваа, десет професори од средните училишта и триесет наставника од основните училишта од државата. Од нашето училиште, свое учество зема, координаторката на училиштниот новинарски клуб, професорката по Македонски јазик и литература, Магдалена Сарагинова. На истата беше презентирана програмата за спроведување на активностите во рамки на новите медиумски клубови. Дадени беа и насоки како учениците ќе создаваат веродостојни, објективни и проверени медиумски содржини, користејќи различни формати, вклучително и текст, видео, поткасти, блогови и фото-новинарство.
Обуката ја водеа тројца обучувачи: д-р Тамара Ќупева, м-р Драгана Ѓореска и д-р Сефер Тахири, кои имаат долгогодишно искуство во областите на образованието, новинарството и медиумската писменост.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: