27 март е денот кога низ целиот свет се слави Светскиот ден на театарот.Учениците од нашата Гимназија,вљубеници во актерството и театарот, на овој ден имааа можност да се сретнат со актерите од велешкиот театар Ј.Х.К. „Џинот“, Жарко Спасовски и Кире Ацевски.
Средбата се одржа во училишата библиотека, а на истата присуствуваа околу триесеттина ученици од прва до четврта година под менторство на професорите по Македонски јазик и литература.Трудољубивоста, ангажираноста, посветеноста и желбата да се даде најдоброто од себе, секогаш ги даваат своите резултати.Токму за тоа пред Гимназијалците говореа нашите гости,истакнувајќи дека им претставува особено задоволство што се меѓу нив и со нив можат да ги споделат искуствата и сеќавањата од средношколските денови во Гимназијата. Пред учениците, актерите ги пренесоа и своите впечатоци од студентските денови на Драмскиот факултет и сугестиите на професорите кои и до денес им помогнуваат во нивната професија. Дел од разговорот беше посветен и на нивниот сегашен ангажман како актери во велешкиот театар Ј.Х.К. „Џинот“.