Парада на мирот под мотото: „Акции за мир; Нашата амбиција за глобални цели!“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
Традиционално, по десетти пат, учениците и професорите од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес, изведоа Мировна парада, одбележувајќи го 21 Септември – Светскиот ден на мирот.
Оваа година мотото на Парадата беше: „ Акции за мир; Нашата амбиција за глобални цели!“
Професорите, членови на Тимот за Мировно образование, несебично се вложија во подготовките при изработката на транспарентниот материјал како и за успешната реализација на овој јубилеен настан.
Настанот беше збогатен со присуството на дел од членовите на Првата детска амбасада „Меѓаши“ како и од наставници, членови на Тимот за Мировно образование од ССОУ „Димитрија Чуповски“, ОСУ „Јовче Тесличков“, Велес и дел од средните образовни институции од Скопје.
Одговорен професор: Магдалена Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: