„Петарди не, безбедност пред сè “

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на кампањата „Петарди не, безбедност пред сè “, од страна на
Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и СВР – Велес, во нашето
училиште за учениците од прва година се одржа предавање на тема „Петарди не,
безбедност пред сè “.
На предавањето присуствуваа доктори од Клиниката за пластична и
реконструктивна хирургија: Дарко Алексовски, Рената Кочоска, Сара Хаџитрифон
и Ивана Драгевска и претставник од СВР – Велес, Биљана Ѓаковска.
Тие, присутните ученици ги запознаа со несаканите ефекти и последиците од
користењето на пиротехнички средства истакнувајќи дека нивното користење е
строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително
опасно по животот и здравјето, оставајќи тешки последици врз животот на
младиот човек. На крајот од предавањето учениците пополнија анкетен
прашалник преку кои ќе се сумираат резултатите за успешноста на спроведената
кампања во средните училишта во државата.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: