Подигнување на свеста за органодонарство и трансплантација

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 20.III 2024 година, во Европската куќа, се одржи интерактивна работилница на тема: Подигнување на свеста за органодонарство и трансплантација.

На работилницата присуствуваа лица од Министерството за здравство, лекари, професори и управители, кои истакнаа дека органодонарството претставува дарување на органи или ткива од едно лице на друго, за целите на медицинска трансплантација. Тоа може да биде од живи донатори, кои даруваат делови од своите органи (како еден бубрег или дел од јетрата) или од починати донатори, каде што органите се земаат откако срцето престанало да работи или кај мозочно-мртви донатори, при што органите се одржуваат функционални со помош на машини до моментот на трансплантација. Органодонаторството спасува животи и го подобрува квалитетот на животот на луѓето со сериозни здравствени состојби. Беа споделени бројни искуства од лица со т.н. „втор живот“, на кои им бил трансплатиран одреден орган.

На интерактивната работилница учествуваа членовите на Медиумскиот клуб „Гимназијалец“, заедно со претставници од останатите средни училишта на ниво на општина Велес.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den