Денес за вработените и учениците од нашата Гимназија беше организрана кратка
теоретска обука и показна вежба за евакуација во случај на кризна состојба пожар. Вежбата ја
раководеше професорот Мартин Димов, одговорно лице за превенција и справување со
кризна состојба.
За неопходноста од знаења како брзо и ефикасно да се дејствува при елементарни и
кризни состојби, говореше претставник од Црвен крст Велес, професорот Петре Петрушевски.
При показната вежба евакуација и симулација на кризна состојба пожар беа вклучени и
стручни лица од Противпожарната единица Велес. Вежбата беше успешно реализирана