ПОСЕТА НА ОДДЕЛОТ ЗА ТРАНСФУЗИОЛОГИЈА ПРИ ОПШТАТА БОЛНИЦА ВЕЛЕС И ПОСЕТА НА ЧАС ПО ФИЗИКА ОД СТРАНА НА РЕНДГЕНОЛОГ

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ПОСЕТА НА ОДДЕЛОТ ЗА ТРАНСФУЗИОЛОГИЈА ПРИ ОПШТАТА БОЛНИЦА ВЕЛЕС И ПОСЕТА НА ЧАС ПО ФИЗИКА ОД СТРАНА НА РЕНДГЕНОЛОГ

На 5 декември 2019 година, учениците IV година, група: Природно-математичко подрачје – Б, заедно со предметниот наставник по физика – Ангелина Додов, го посетија Одделот за трансфузиологија при Општата болница, каде го надградија нивното знаење со стручноста и компетенциите од страна на медицинскиот кадар, а вооедно ја покажаа и нивната хуманост, со несебично дарување крв, со една и единствена цел – да се спаси нечиј живот

Со оваа посета се реализираа и дел од целите предвидени со проектната активност за учениците од IV година.

На 5 декември 2019 година, часот по физика во IV година, група: Природно-математичко подрачје – Б, беше збогатен со присуство на Антонио Карамарков, рендгенолог во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Учениците ги проширија своите видици и знаења поврзани со современите начини на дијагностика и терапија со користење на радиоактивни изотопи и рендгенско зрачење.

Посетата дополнително ги охрабри учениците за нивните идни намери своето понатамошно образование да го продолжат во една од медицинските насоки. Сите со уживање го проследивме предавањето, поставувавме прашања, а воедно добивме и покана за присуство во просториите на Клиниката, каде би земале директно учество во самиот процес на работа.

Одговорeн професор:Ангелина Додов

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den