На 27 февруари 2025 година, СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ ја посетија претставници на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.
Воената академија, како единствена воено-образовна институција во државата, покрај тоа што ја остварува својата образовна дејност во школување офицерски кадри потребни за Армијата, ЦУК и ДЗС, паралелно, активно учествува во подобрување на општеството преку учество на проекти финансирани од Европската Унија и NATO SPS-програмата, а поддржани од Владата на Република Северна Македонија.
Воената академија е реализатор и на проектот MK Safe NET, под покровителство на Министерството за дигитална трансформација, кој има за цел да обезбеди побезбедно дигитално искуство за учениците, родителите, наставниците и старателите, истовремено нудејќи алатки и знаење за одговорна навигација во дигиталните технологии.
За таа цел, тим од Воената академија, во рамките на наставата по Информатика, одржа предавање на тема: „Безбеден интернет“.
Учениците беа запознати со механизмите за поддршка на жртвите на сајбер-малтретирање и оние од обесправените и ранливи средини, вклучително и децата со посебни потреби.
Благодарност до тимот на Воената академија за поучните информации и механизми за побезбеден интернет.