Дисеминација на обуката СТЕАМ од програмата Ерзмус+
На 6 јули 2018 година во просториите на Гимназија „Кочо Рацин“ се реализираше дисеминација на обуката СТЕАМ- Наука, Технологија, Инжинерство, Уметност и Математика во образованието. Професорите кои оваа обука ја посетија во рамките на програмата Еразмус+, со проект од клучната акција Мобилност на индивидуи и наставен кадар, ги пренесоа стекнатите знаења од соодветната тема на своите колеги.
{besps}stories/ucebna2017_2018/diseminacija/sliki{/besps}
За професиите од иднината се потребни знаења и вештини како што се дигитални вештини, критичко размислување, соработка, тимски дух, иновативно и аналитичко размислување. Индивидуалните компетенции во предметите STEM (наука, технологија, инженерство и математика) стануваат се поважни за професиите на иднината, кои се засноваат на висока технологија. Затоа во образованието се потребни иновативни пристапи.
STEM е многу повеќе од групирање на предметни области. Тоа е движење кое треба да развие длабоки математички и научни основи кај учениците, кои треба да бидат конкурентни за работната сила во 21-от век.
Учесниците на обуката активно се вклучија, разменуваа мислења, нудеа идеи и сугестии. Обуката повторно ќе биде реализирана во август 2018 година.