Еразмус проект

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Еразмус проект

Еразмус проект во КА101

Во рамките на програмата Еразмус+ во оваа учебна година СОУ „Гимназија Кочо Рацин “ продолжува да учествува со два проектa во две клучни акции. Во клучната акција за мобилност на наставен кадар, училиштето изготви проект на тема „Меѓународно училиште – професионални наставници – Европски ученици“ и истиот вклучува учество на 12 наставници на 6 структурни обуки на следните теми: 1. Промовирање на културата на претпримништво -Малта 2. Дизајнирање на Европски проекти и менаџирање во проектниот циклус -Италија 3. Модернизација на методологијата за предавање на англискиот јазик -Малта 4. Најдобрите пракси за подучување во училиштата во Финска и Естонија 5. Менаџирање на конфликти, Емоционална интелигенција и Превенција на булинг -Италија 6. Образовни помагала и ресурси со користење на напредни смарт технологии -Португалија

Сите обуки ќе се реализираат ( април и мај )2019 година, а по враќањето на наставниците ќе се одржат настани за дисеминација на резултатите од обуките во училиштето и во Општина Велес.

{besps}stories/ucebna2018_2019/megjunarodno/sliki{/besps}

 

 

 

Еразмус проект во КА219

 

Во клучната акција за стратешки партнерства за размена на добри практики во училишно образование продолжува со работа проектот newWERD – нови начини за истражување и развој во образованието. Проектот е наменет за наставници по природни науки и математика и вклучува интердисиплинарно поврзување на СТЕАМ методологијата во наставата. Покрај трите краткотрајни тренинг настани кои веќе се одржани, во април 2019 година ќе се реализира четвртата обука за наставници на тема „Научни 3Д виртуални модели“ во Романија.

 

Проектот завршува во септември 2019 година, а како резултат на соработката со трите училишта од Италија, Романија и Португалија, се изработени брошури, каталози, презентации, симулации, демонстрации и видеа за поврзувањето на природните науки, математика и технологија со реалните проблеми со кои се соочуваме. Методот „учење преку правење“ досега беше применуван во сите работилници со ученици и нивното вклучување во процесот на создавање остава трајни знаења и стекнати вештини. За повеќе информации посетете ја страната на проектот:

 

http://new-werd.eu/

 

 

 

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: