КОНКУРС за идејно решение на лого за Проектот „findNANO“
СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес распишува конкурс за дизајн на лого за Проектот „Мрежа за иновативен развој на НАНО во училиштата“ преку програмата „Еразмус +“.
Проектот промовира мултидисциплинарен и интердисциплинарен пристап, преку вклучување на различни дисциплини (физика, хемија, биологија, математика, инженерство, уметност) во нанотехнологијата и имплементирање на НАНО образование врз основа на реални проблеми и иновативни пристапи.
Целите на проектот ќе бидат фокусирани на тоа како да се мотивираат учениците да се вклучат во НАНО образованието, поттикнувајќи ги да користат креативност, имагинација, иновативно и аналитичко размислување за подобро разбирање на НАНО светот.
На конкурсот можат да учествуваат сите заинтересирани ученици од I до IV година, а идејните решенија да се испратат на email: [email protected] или stojanovapetrankа@gmail.com најдоцна до 15 ноември 2018 година.
Најдоброто идејно решение ќе биде наградено, а ученикот ќе се здобие со сертификат од Проектот.
Тимот наставници одговорни за проектот „findNANO“