Конкурс за дизајн на лого за проектот “newWERD – Нов начин на истражување и развој во наставата”
Ги повикуваме учениците од I до IV година од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ да учествуваат на конкурсот за дизајн на логото на проектот “Нов начин на истражување и развој во наставата“ преку програмата Еразмус +.
Идејните решенија да ги испратат на email: [email protected] најдоцна до 30.10.2017 година. Ученикот со избрано лого ќе се здобие со сертификат од проектот и награда.
Проектот се однесува на специфични приоритети кои имаат за цел зајакнување на профилот на професијата наставник, справувајќи се со сложени реалности во училницата и усвојување на нови методи и алатки. Освен тоа што наставникот пренесува знаење во училницата, наставникот има улога и да ги оспособи учениците да бидат креативни, мотивирани и да ги поучи како да вклучат и користат наука, математика и технологија во реални ситуации.
Проектот има за цел да развие кај учениците таканаречени „СТЕМ“ вештини (Наука, Технологија, Инженерство и Математика).
За професиите од иднината се потребни знаења и вештини како што се дигитални вештини, критичко размислување, соработка, тимски дух, иновативно и аналитичко размислување. Индивидуалните компетенции во предметите STEM (наука, технологија, инженерство и математика) стануваат се поважни за професиите на иднината, кои се засноваат на висока технологија. Затоа во образованието се потребни иновативни пристапи.
Тимот наставници одговорни за проектот newWERD