Прв состанок на партнерите од пректот newWERD

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Прв состанок на партнерите од пректот newWERD

„New WERD – Нов начин на истражување и развој во наставата“ е проект во програмата Еразмус + координиран од „СОУ Гимназија Кочо Рацин“ од Велес. Според предвидените активности за реализација на проектот во периодот од 3 до 6 ноември 2017 година се одржа и првиот транснационален состанок во Gardenia Hotel & Spa.

Проектот претставува стратешко партнерство за размена на добри практики помеѓу четири училишта: Liceul Teoretic „Tudor Arghez“, училиште од Крајова – Романија, I.I.S.S. ERASMO DA ROTTERDAM од Торино – Италија, AGRUPAMENTO DE ESCOLAS DE BARCELOS, училиште од Барселос – Португалија и СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“ од Велес – Македонија како организација апликант.

{besps}stories/ucebna2017_2018/werd_prv/sliki{/besps}

 

На оваа средба сите училишта ги презентираа своите искуства и имплементација на СТЕМ методот во нивната настава. По спроведениот интернационален конкурс за дизајн на логото на проектот и јавна анкета, на состанокот беше прогласен и ученикот чие лого беше избрано за најдобар дизајн, ученикот Дино Јанаќиев од 3-5 клас од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес.

Проектот ќе се реализира во период од две години, започнувајки од 1 септември 2017 година, а главната цел е кај учениците да ги развие таканаречените “STEM вештини“ (наука, технологија, инженерство и математика).

Според предвидените активности зацртани со проектот ќе се реализираат четири пет- дневни Тренинг обуки во сите училишта од партнерството, со цел зајакнување на профилот на професијата наставник и усвојување на нови методи и алатки од СТЕМ методологијата, како и оспособување на учениците да бидат креативни, мотивирани и да применуваат наука, математика и технологија при решавање на реални проблеми во наставата.

Покрај предвидените активности на состанокот парнерите имаа можност го посетат нашиот град Велес, како и главниот град на Македонија -Скопје, и да ја доживеат културата и традицијата на нашата земја.

Тимот одговорен за проектот newWERD

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: