Дисеминација на обуката од проектот ЕРАЗМУС+ на тема: „Учење засновано на проекти во училницата: поставување, интеграција и рефлексија“ („Project Based Learning in the Classroom: Setup, Integration and Reflection“)
На 29 јануари 2020 година, во нашата Гимназија се одржа дисеминација на искуствата и знаењата стекнати на обуката одржана во Берлин, во периодот од 13 до 18 јануари, на тема: „Учење засновано на проекти во училницата: поставување, интеграција и рефлексија“ („Project Based Learning in the Classroom: Setup, Integration and Reflection“).
Од нашето училиште на обуката во Берлин уествуваа наставниците: Ангелина Додов и Весна Павлова. Дисеминацијата ја одржаа истите наставници, кои ги запознаа колегите во Гимназијата со најсовремените PBL-алатки и нивно интегрирање во училишните лекции и училишните проекти, како и следење и оценување на учениците кои ги користат PBL-алатките.
За време на дисеминацијата се споделија и разменија лични искуства, начини на предавање и комуникација со учениците, креирање на настава преку користење на PBL-апликациите.
Одговорни професори: Ангелина Додов Весна Павлова