Еразмус+, Едремит – Турција

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Размена на ученици, Едремит – Турција

Програмата за семинари и обуки за размена на ученици во рамките на проектот Еразмус+ продолжи во Турција.

Во периодот од 15.5.2016 до 23.5.2016 во Едремит, Турција, професорот Дејан Тошевски и учениците Сања Мирчева, Стефан Даскалов, Левко Левков, Љубен Солев и Цветанка Ацева учествуваа во проектот за размена на млади „Make Your Life More Colorful“ организиран од Erasmus+.

Во проектот беа вклучени 48 студенти и ученици од повеќе земји: Македонија, Бугарија, Италија, Албанија, Чешка, Романија, Украина и Турција.

{besps}stories/ucebna2015_2016/edremit_turcija/sliki{/besps}

 

Главна тема на овој проект беше дебелината кај човекот како глобален проблем. Развојот на новите технологии ги намалува физичките активности кај луѓето што е причина за појава на дебелината како болест. Најчесто се верува дека дебелината е предизвикана од слаб метаболизам, но беше истакнато дека тоа е погрешно. Токму преку овој проект стекнавме сознанија како дебелината се третира во земјите учеснички на овој проект и кој мерки се преземаат за истата да се спречи.

Проектот беше спроведуван преку работилници и интерактивни предавања одржани од неколку предавачи и координатори на проектот, а методот на овој проект е базиран на неформално образование и интеркултурно учење.

Покрај работилниците се организираа и таканаречени интернационални вечери на кои пред учесниците од останатите држави им претставивме дел од македонската култура, фолклор, занаети и македонска кујна.

Им благодариме на организаторите за нивното гостопримство и љубезност што ни покажаа дел од убавините на нивниот град, како и дел од турската култура. Ова беше едно позитивно искуство за сите нас преку кое стекнавме нови пријателства.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: