Размена на ученици, Еразмус+

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Размена на ученици, Анкара – Турција

Во периодот од 26.02.2016 до 6.03.2016 во Анкара, Турција професорката Ангелина Додов и учениците Андреј Кодовски, Тијана Димова, Константин Атанасов, Даниел Андоновски и Олга Миљковиќ учествуваа во проектот за размена на млади A Basic Approach for Disabled Students “TEY 101” организиран од Erasmus + во соработка со Ankara Üniversitesi. Беа вклучени млади луѓе од 6 земји Австрија, Хрватска, Македонија, Литванија, Косово и Турција. Во проектот учествуваа 38 студенти и средношколци. Преку овој проект, ние стекнавме знаења за младите луѓе со попречености – за слепите лица, за глувонемите лица, и за тешкотиите со кои тие се соочуваат во Турција, при што ги научивме основите на меѓународниот знаковен јазик.

{besps}stories/ucebna2015_2016/erazmus_dodov_ankara_2016/sliki{/besps}

 

Покрај ова, детално се запознавме со состојбата на децата без родители во Турција и со кампањата #18istooearly #18yascokerken чии активисти се залагаат за тоа децата без родители да можат да ги напуштаат сиропиталиштата подоцна од 18-та година за да можат да се интегрираат во турското општество.

Овој проект беше спроведуван преку работилници и интерактивни предавања одржани од неколку предавачи и координатори на проектот. Покрај сознанијата за младите луѓе со попречености од Турција, еден од најбитните сегменти од проектот беше создавањето на средина без бариери во која се оствари интеркултурна интеракција, преку која се запознавме со многу европски култури. Оваа интеркултурна интеракција не беше само интеревропска туку и интерконтинентална, бидејќи детално се запознавме и со дел од азиската култура преку градската тура низ Анкара и преку многуте нешта кои ги научивме за Турција во текот на нашиот 10 дневен престој.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: