ТРЕНИНГ КУРС
РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ АНКАРА, ТУРЦИЈА
Во периодот од 19.3.2016 – 26.3.2016 година во Анкара, Турција , ученичките Сандра Ташковска и Ангела Спасевска од IV година при СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ Велес, заедно со професорката Елисавета Миткова Жабев земаа учество во Европскиот проект “Mixed-ability Training Course for Inclusion of Young People with Disabilities”, организиран од страна на Erazmus + во соработка со Engelsiz Toplum Ve Gençlik Derneği.
{besps}stories/ucebna2015_2016/ankara_eli_mart/sliki{/besps}
Во проектот беа вклучени 29 студенти и ученици од повеќе земји: Македонија, Бугарија, Грција, Италија, Полска, Португалија, Романија и Турција.
Се здобивме со нови знаење, вештини и искуства и стекнавме свој став за одредени теми. Целта на самиот проект беше вклучување на младите луѓе со без и попречености (слепи, глувонеми лица и лица со ментална попреченост) во најразлични активности и игри.
Целна група беа млади луѓе кои се заинтересирани и мотивирани да работат на проблемите на лицата со попречености. Во проектот беа вклучени врсници со и без попреченост кои имаат заедничко искуство и го споделуваат своето знаење.
Проектот беше спроведуван преку работилници и интерактивни предавања одржани од неколку предавачи и координатори на проектот, преку посета на дневни центри, а методот на овој тренинг курс е базиран на неформално образование.
Покрај главната цел на овој проект, се оствари и интеркултурна интеракција, преку која се запознавме со многу европски култури, земји и традиции. Исто така детално се запознавме и со дел од азиската култура и традиција преку градската прошетка низ Анкара.