На покана на Амбасадата на САД, а во соработка со Музејот на совремeната уметност
од Скопје, учениците од ACCESS програмата од Велес учествуваа на низа настани во
Скопје.
Втората недела од февруари е одбрана во чест на родендените на Абрахам Линколн
(Abraham Lincoln), шеснаесеттиот претседател на САД и Фредерик Даглас (Frederick
Douglas), борец за човековите права. Фредерик Даглас
имал за цел да ја прослави уметноста како платформа на социјалната правда за време
на месецот на Афро – Американската историја.
Престојот во Скопје започна со посета на кугланата и продолжи со разгледување на
културно – историскте знаменитости на градот.
Во доцните попладневни часови учениците го посетија Музејот на современата
уметност од Скопје и присуствуваа на пригодна свеченост по повод месецот на Афро –
Американската историја, организиран од Амбасадата на САД во Скопје.
ACCESS програмата е финансиски поддржана од страна на Амбасадата на Соединетите
Американски Држави, а се реализира во соработка со Македонскиот центар за
граѓанско образование (МЦГО) Скопје.