ФОРУМ ТЕАТАР

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ФОРУМ ТЕАТАР НА ТЕМА „МЕЃУВРСНИЧКО НАСИЛСТВО“

На 17 февруари 2020 година, во 12.00 часот, во просториите на Народниот театар „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес, се реализира форум театарска претстава на тема: „Меѓуврсничко насилство“ (булинг). Форум театарската претстава е дел од програмата за Мировно образование при Првата детска амбасада ,,Меѓаши’’.

На овој Форум театар учествуваа дваесет и два ученика и тоа: девет ученика од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес: Емира Хусовиќ, Емили Митревска, Христијан Гајдов, Десипна Миланова од I-2 клас; Бојана Спасовска, Марија Недева, Никола Димовски од II-5 клас и Бојана Мачавеловска, Мери Спирова од III-5 клас; девет ученика од СУГС „Никола Карев“ – Скопје и четири ученика од СГУС „Шаип Јусуфов“ – Скопје.

По развиената дискусија со учениците-учесници, за нивната перцепција на врсничкото насилство, тие создадоа две етиди (приказни), примери на однесување на соучениците кои вршат насилство и одбегнуваат одговорност. Учениците подготвено и мотивирано го очекуваа својот настап за да ја испратат пораката дека ниту едно насилство не е дозволено, никој не треба да остане рамнодушен кон истото и најважно од сè – да го препознаат насилството, да се охрабрат и да реагираат.

На оваа форум театарска претстава присиствуваа околу сто и педесет велешки ученици, дветтоодделенци и средношколци кои од пасивни набљудувачи, се претворија во активни предлагачи на решенија како да им се спротивстават на меѓуврсничките насилници, но и на професорите, кои не сакаат да го забележат овој проблем.

Носител на активноста:
Цветанка Карамаркова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: