Меѓуетничка интеграција

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Активности од проектот Меѓуетничка интеграција во образованието

Продолжија активностите во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, така што на 18 февруари дваесеттина ученици од македонска и албанска националност од нашата Гимназија ја посетија фабриката за вода ЈКП – Дервен.

При оваа посета се дефинираа целите на активноста, како и извршувањето на поставената задача – микробиолошко и физичко-хемиско прочистување на водата, на кој начин се прави тоа и кои средства се употребуваат .

{besps}stories/ucebna2015_2016/mio_fabrika_za_voda/sliki{/besps}

 

Учениците се запознаа со локацијата на фабриката, како и со информации од каде доаѓа водата што ја користиме за пиење, и на кој начин се врши нејзиното прочистување. Од страна на одговорно лице во фабриката, г-дин Тони Јовиќ, тие беа запознати со сите етапи на прочистување на водата – од доаѓањето на сирова вода од браната Лисиче се до финалната прочистена вода која доаѓа преку цевките во секое домаќинство.

Исто така, учениците и наставниците се запознаа со новата софистицирана опрема за автоматско хлорирање на водата во фабриката за преработка на вода при ЈКП – Дервен со што се следат најновите стандарди за безбедност во снабдувањето со вода.

Посетата заврши со поставување на прашања од страна на учениците, кои не го криеја задоволството од посетата и исцрпното објаснување на одговорните во фабриката.

Одговорен професор:

Елизабета Николовска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: