„НОВИТЕ ХЕРОИ“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

„НОВИТЕ ХЕРОИ“ ПРИСТИГНАА И ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

На 13 февруари 2020 година, во училишната библиотека се одржа средба со Марко и Орхан – претставници од организацијата „Search for Common Ground Macedonia“, кои ни објаснија што ни нуди оваа организација и со какви искуства ќе се стекнеме доколку бидеме дел од нивниот тим „Нови херои“. Тие го објаснија текот на аплицирањето, подготовката, реализацијата и самото финале како краен и највисок врв на настанот. Учениците беа заинтересирани и даваа предлози за различни проблеми кои ги имаат младите во општеството. Оваа организација на младите им нуди помош како да ги истакнат своите идеи, мислења и ставови.

За да се учествува во проектот потребно е да се сними видео во должина од една до две минути, во кое ќе се искаже некој проблем и мислење, како може истиот да се реши.

Видеото може да се испрати на нивната фејсбук страна, инстаграм или на нивната електронска пошта.

Во првата епизода учествуваат сите избрани групи (триесет и две), а понатаму се прави селекција и во секоја наредна епизода групите се претставуваат поединечно. Има две полуфинални епизоди каде поените се делат индивидуално и по група. На финалната епизода се доделуваат последните поени и се прогласува победникот.

Одговорeн професор:

Магдалена Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: