Посета на Амбасадата на Соединетите Американски Држави

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

По повод обележувањето на денот на англискиот јазик, учесниците на програмата Аccess од Велес
и Свети Николе на покана од Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, ја посетија Амбасадата на
САД во Скопје. Учениците имаа можност да ја разгледаат Амбасадата и да се запознаат со бројни
дипломати .Aмбасадорката Агелер ги поздрави учениците и им посака успех во понатамошното
следење на програмата во нивните училишта.
Денот на англискиот јазик се одбележува секоја година на 23 април со цел да се промовира
мулти-јазичноста и културните разлики во светот, како и историјата, културата и достигнувањата
поврзани со англискиот јазик.
Аccess програмата е финансиски поддржана од страна на Амбасадата на Соединетите
Американски Држави а се реализира во соработка со МЦГО – Македонски центар за граѓанско
образование / MCEC .

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den