„Простор за разговор“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и
истражување и во соработка со Интерарт културниот центар, на 22 мај на Малата
сцена во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес беше
изведен перфомансот за јакнење на родовата еднаквост со наслов „Простор за
разговор“. Истиот го проследија стотина ученици од нашата Гимназија со нивните
одговорни наставници.
Изведбата на перфомансот е дел од низата културни настани од проектот
„Простор за разговор“, чија цел е преку уметност, танц, театар и филм сплотени во
еден перфоманс да се зајакне чувството на припадност кон заедницата, да се
искоренат стереотипите и заеднички да се подигне свеста за родова еднаквост.
На настанот се обрати директорот на Народниот театар Ј.Х.К.Џинот, Сашо
Димовски, упатувајќи порака до средношколците дека во овие времиња важно е да
се разговара за проблемите и предизвиците за да можеме полесно да ги
надминеме и да станеме подобри за нас и за нашето општество.
Со свое обраќање се претстави и Рисима Рисимкин, професор на
Филолошкиот факултет „Гоце Делчев“ – Штип истакнувајќи ја целта на проектот и
настанот. По нивното обраќање учениците учениците се вклучија во дискусија со
свои размислувања за филмот и содржините обработени во него, а поврзани со
темата на настанот.Дискусијата ја водеше новинарката Ана Зафирова која
кариерата ја минува низ различни медиумски платформи, телевизија, радио и
печатени магазини.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den