Работилници на тема:„Врсничко насилство меѓу младите“ и „Булинг меѓу младите“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 25 март, 2024 година, во хотел Гардениа се одржаа работилници на
тема:„Врсничко насилство меѓу младите“ и „Булинг меѓу младите“.
На работилниците присуствува ученици и наставници од сите средни училишта од
општина Велес.
Преку интерактивна програма и креативен пристап, предавачите од Здружението
на граѓани „РУБИКОН“ Скопје, Владимир Караев и Љупка Ристовска, ги запознаа
учениците со различните форми на врсничкото насилство со цел подигнување на
свеста кај учениците за безбедна училишна средина.
На работилницата се дискутираше и за мерките и начините на превенција и
справување со врсничкото насилство. Учениците дадоа свои предлози и
иницијативи за намалување на насилството меѓу врсниците.
Работилниците се спроведоа во рамките на проектот „Млади за инклузија,
еднаквост и доверба“, финансиран од страна на Фондот за мир на Обединетите
нации, имплементиран од страна на општина Велес, Младински центар на
Фондација Фокус, УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.

Одговорни наставници:
Петранка Стојанова
Тања Чипевска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: