Регионален натпревар по нанотехнологија

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

 

На ден 21.03.2024 година СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ – Велес беше домаќин на
регионалниот натпревар по нанотехнологија во организација на Технолошко-
металуршкиот факултет при УКИМ – Скопје.
Нашето училиште се претстави со три тима кои работеа на различни проекти и
тоа:
I тим: Ана Бошкова од III 2 клас, Василка Карталова и Изабела Ѓурчиновски од III 1 клас кои
се претставија со проектот „Здравје во микроскопски формат – примена на
липонаноматеријалите во медицината“ под менторство на професор Марјан Стојановски
II тим: Кристијан Мартинов и Андреј Митковски од II 3 клас кои се претставија со проектот
„Зошто биоматеријалите се материјали на иднината?“ под менторство на професор
Петранка Стојанова
III тим: Јана Пљокова од II 1 клас и Викторија Панзова од II 4 клас кои се претставија со
проектот „Користење на хемијата за роботска одбрана од земјотреси – Робот спасувач-
смртен спасувач“ под менторство на професор Петранка Стојанова
Сите тимови покажаа одлична подготвеност како во изработените проекти и
презентации, така и во одговорите на поставените прашања од страна на регионалната
комисја.
Тимот на Ана Бошкова од III 2 клас, Василка Карталова и Изабела Ѓурчиновски од
III 1 клас и нивниот проект „Здравје во микроскопски формат – примена на
липонаноматеријалите во медицината“ под менторство на професор Марјан Стојановски
го освои второто место и се стекна со право за учество на државниот натпревар кој ќе се
одржи на ТМФ – Скопје, на 15.04.2024 година.
На сите тимови им упатуваме честитки и благодарност за учеството, а на
пласираните на државниот натпревар им посакуваме многу среќа и успех.

Одговорни наставници:
1. Марјан Стојановски
2. Петранка Стојанова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: