Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Спортските активности се предуслов за здрав и правилен развој на младите генерации. Преку нив, учениците ги поттикнуваме да го негуваат спортскиот дух на часовите по спорт и спортски активности. За таа цел во наредниот период ќе започне реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес. Гимназијата со големо задоволство и среќа ја споделува оваа вест, истакнувајќи дека новите надворешни спортски терени, реконструирањето на спортската сала и соблекувалните ќе овозможат услови за создавање на здрави спортски генерации. Гимназијалците ќе имаат можност за постигнување на уште поголеми спортски успеси.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den