Спортска проектна активност – планинарење

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
Активот по спорт и спортски активности во рамките на проектните активности кои се реализирааат во нашето училиште, традиционално со почетокот на учебната година, организира и реализира повеќедневни планинарски тури на различни локации. Изминатиот викенд, користејќи го прекрасното време заедно со ученици од 2-1 и 2 – 2 клас од нашата Гимназија се реализираше дводневна планинарска активност: Велес – с.Папрадиште – планинарски дом „Чеплес“ и обратно.
Другарувањето помеѓу учениците, убавините кои ги видовме и доживеавме, прекрасните пејзажи на масивот Јакупица и врвот Солунска Глава, чистиот воздух, чистата природна изворска вода, будат посебни чувства во секој од нас повторно да посакаме да бидеме дел од таа авантура и природа.
Се надеваме дека учениците од 2-1 и 2-2 клас прекрасни како и секогаш и вистински шампиони ќе им ја пренесат љубовта кон планината и планинарењето на што поголем број Гимназијалци.
Одговорен професор:
Зоран Јованов

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: