По повод Патрониот празник на училиштето, на 18 декември 2024 година, под
менторство на професорите од стручните активи по природни науки, математика и
информатика, во училиштето се одржа интерактивна активност „Светот на науката” .
На настанот учествуваа ученици од прва и трета година од нашата Гимназија, кои
изработија интерактивни презентации за деветтоодделенците од основните
училишта од градот и околината. Преку квизови, загатки, крстозбори, слики и
интересни факти, Гимназијалците успеаја да ги воведат идните средношколци во
светот на науката и да им ги прикажат сите забавни аспекти на географијата,
хемијата, биологијата, физиката, математиката и информатиката.