ТРЕТА РАБОТИЛНИЦА ОД ПРОЕКТОТ „ЧИТАЈ МЕЃУ РЕДОВИ“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ТРЕТА РАБОТИЛНИЦА ОД ПРОЕКТОТ „ЧИТАЈ МЕЃУ РЕДОВИ“

На третата едукатина работилница за Медиумска писменост и критичко размислување, одржана во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, се дискутираше на веќе посочените теми од страна на учениците, учесници во проектот: Потреба од театарска младинска сцена; Катастрофални услови за тренинг во салата на ООУ „Блаже Конески“; Финансирањето на спортските клубови во градот; Одолговлекување на судските процеси; Проблемот со бездомните кучиња и уште неколку други теми.

{besps}stories/ucebna2018_2019/redovi/sliki{/besps}

 

Учениците, заедно со новинарот Саше Димовски и со проектниот координатор, ги детектираа и изворите, односно соговорниците со кои тие ќе разговараат на темите што сами ги предложија на едукативните работилници. Потоа ќе следи снимање на прилозите кои ќе бидат финален производ на учениците, вклучени во проектот „Читај и меѓу редови“.

Прилозите што ќе ги подготват учениците заедно со проектниот тим и експертот-новинар, ќе бидат објавени на регионалниот веб-портал „Дума.мк.“

Одговорeн професор, Магдалена Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den